Колумни

Виолета Петковска : Зарем џелатот кој си ја уништува сопствената држава има образ да излезе на гласање.

 

Зарем џелатот кој си ја уништува сопствената држава има образ да излезе на гласање? Џелатот кој го осоколи непријателот секојдневно да не брише и да ни ја бруси македонштината скичмен срамно, претворен во гнасен слуга во интерес на непријателите на својот народ и држава! Ти и рекетарската свита сте само за во деветиот круг на пеколот – од Данте! Вечно да се вртите во тој круг, да се храните од вашата зла крв еден со друг, наместо нас да не јадете секој ден, во секој поглед од нашето живеење и постоење! Психолигијата кажува обратно од искажаното на неспособниов рекетар.. “Ние немаме веќе никакви шанси на изборите бидејки немаме сработено ништо во економијата која руши рекорди во пад”! (Обраќање на Заев во собранието кон опозицијата дека немала шанси за победа на изборите во октомври) Реформи нема – реформи ги викаат правење закони за казнување и застрашување, забрани на македонски симболи и закана за казнување ако извикуваш “Никогаш северна”- за нив  тоа е реформа и казнување со измислена казна за “говор на омраза”. Скандали со комичари, “Ла Верита”, РЕКЕТ, СЈО-рекетарката, Тредичи-Кичеец и Луј Витон,торбата полна со милиони евра, рекетирање на бизнисмени, Тв-мрак, новинари злосторнички здружени во уништување на Македонија, универзитетски професори заговараат бришење на се македонско, МАНУ-збирштина на злосторнички здружени глави, полиција и војска до ниво на партал обезименета и понижена, крадење преку тендери со милионски суми, грантови со измислена намена, случај ТендеРашко, Курто Дудуш тортура, Тредичи-тато насилници тепачи на свештено лице, задолжување со кредити безнаменски без да им се знае каде и зашто се трошат, Јовевски-Русковска обвинителство кое не функционира за рекетари, туку само за “небањатите” итн итн.. Предавства на државата, создавање непријателство со околните држави и подалеку, сменето име против вољата на народот од референдумското изјаснување, двојазичност, анархија на албанското малцинство кон македонскиот народ, убиства на деца, навреди дека македонците се славо-дошљаци, ненаситни барања и постојани закани со војни, биле стар народ и биле заслужни на прастарата држава, закани со Илирида и федерализација, покажување моќ преку гласно пуштање на оџата во џамиите, градење на диво џамии, присилно учење на албански санкционирано со казни ако не го знаеш итн! И ДУИ никогаш не одгивараат за ништо, за нив нема обвиненија иако крадат на мртво! Пуштање од затвор на криминалци и за случајот Монструм, лепени снимки и злоупотреба на снртта за случајот Нешковски и малата Мартина, лажење за преговори и влез во Еу, непотизам, зголемена бројка на вработување на албанската популација апропо македонската заради албанските уцени за глас и украдената победа , осудените УСТАВОБРАНИТЕЛИ за тероризам заради освета и осудени со максимални казни.!! Ако се ова ве прави достојни некој повторно да ви даде глас за власт, вие да продолжите да владеете.. Од Македонија нема да остане ништо.. Вие сте само едни МОНСТРУМИ и ЏЕЛАТИ на народот и државата.! Македонците што се фатија на лагата ,, Живот за сите,, треба што поскоро да ја освестат оваа крвничка лага, да застанат на страната на ПРАВДАТА и да се сплотиме сите заедно ние македонците да ја срушиме оваа фашистичка рекетарска власт, која ништо добро не направи, а ги осоколи грците, бугарите и албанците против нас со секојдневни понижувања и недостојни барања и лаги дека ние не сме Маједонци! Туку, де бугари сме биле, де грци и албанците бараат Македонија да ја прогласиме за албанска која подоцна ќе се шири во Илирида! Да, заклучам.. Не, и вие окупаторите и тие кои не се бореа против окупацијата на народот.. Немате, ама, баш никаква шанса за победа на следните избори. Народот треба да ве казни и вас предавниците и опизицијата која ви ги премолчуваше предавствата и го замајуваше народот преку водење битки со пресови, без ниту едно храбро дело да спречи барем нешто да не биде продадено и предадено, срамно избришано. Народот се освести и од народот ќе бидете тешко казнети, само чекајте да го видите тоа!

Виолета Петковска

Related posts

Leave a Comment