Колумни

Виолета Петковска : Нели мислиш Мицковски дека веќе никој не те смета за сериозен опонент на позицијата?

 

Пресовите и соопштенијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Мицковски, кои се бескрајни и иритираат, бидејки само соопштува, а нема намера со ништо да ги спречи. Си мисли дека, ако јавно ги соопшти власта ќе се уплаши и ќе ги сопре во намерата! Со вакви објави кај што го известува народот, постојано и постојано Мицковски, никогаш, ама, баш никогаш не објавува дека партијата и тој ќе превземат тоа и тоа за да се спречи одреден грабеж. Како што објавува во неговиот текст лидерот на опозицијата Мицковски за грабеж од 5 милијарди кои власта планира да ги потроши за, наводно градење патишта, објекти итн! На која финта го фаќа народот?! Епа, на оваа: – Јас само ќе ви кажувам и ќе ве доведувам на линија на толку многу бес, омраза, нетрпеливост и толку многу голема фрустрација кон власта, за кога ќе дојде време за избори единствениот спас да го видите во мене и за да се спасите ќе ме гласате мене! Без да превземам било какви мерки против корупцијата и грабежите на геноцидната власт! Мене неговото пасивно однесување без борба, навистина ми личи на ваква намера. Го остава Заев да прави криминали и предавства, свесно, а не остава и нас само да р’жиме од бес, беспомошно да гледаме и кога ќе дојде време од толку насобран бес и понижување да заборавиме на се и само за да се спасиме од ропство, Мицко да биде единствениот во кој македонците ќе го видат спасот и да го изгласаат да ја добие победата над фашизмот! А, тој е само еден пасивен лидер кој не ветува и не брани ништо и со ништо. Затоа изборите најверојатно ќе бидат до година, во изборна година ги закажуваат како предвремени. А, никако не можат да бидат предвремени бидејки 2020 е година кога на рекетарската власт и изминува редовниот мандат од 4 години владеење со тргување и продавање на се македонско! Игрите и на сдс и на Мицковски се бескрајна игра со нервите само на македонците и очигледна е нивната игра која народот го доведува до бес и е толу незадоволен, понижен, деградиран, исцеден економски, здравствено и понижен преку забрана да ги применува македонските симболи, химна, изворните народни македонски песни и забрана да бидат македонци во Македонија! Не смеат да извикуваат,, Македонија вечна,, и,, НИКОГАШ северна, САМО МАКЕДОНИЈА! И заради тоа ги приведуваат во станица на неколку часовни психички малтретирања! На Илинден им се заканија дека ќе бидат апсени сите кои ќе ја исвиркуваат власта присутна на нашиот свет ден и чествување на Илинден за загинатите револуционери! Ама, затоа врз реките крв кои на Мечкин камен биле пролеани во таа борба оротив аскерот за слободна Македонија се заигра ,, шота,, недостојно за таков празник и од устата на недоветниот премиер излегоа низа предавнички зборови. Рече: Ние сме деца на илинденците кои се бориме за светла иднина на северна Македонија! Болка, очај, срам, понижување и тага што на македонците им го испоганија најсветлиот празник за двата Илиндена! Таму реки крв се слевале, гинеле млади и зад себе ниту свои наследници не оставале, се бореле за СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА, а не за некаква северна која насилно и против воља на народот беше донесена од двајца абдали непрокопсани фашисти и нивни поддржувачи министри, дирекни соучесници во потпишувањето на таквиот договор кој го потпишаа во Нивици далеку од народот кај што не поминуваат ни коњи ни говеда! Замислете, беа донесени со автобуси обележани со кукавички бели капи и бели маици луѓе од малцинствата и северџани со знамиња на Еу, а без никаков македонски симбол достоен за такво празнување! И уште позапрепасувачки беше кога на светото мести како магариња рикаа ,, северна, северна,, насилно, провокативно, понижувачки и недостојно кон македонците дојдени за чествување на двата илиндена! Со тој гест на предавничката власт можеше да дојде до судир на македонците и со баграта недостојни рикачи купени со сендвичи и бесплатна тура до Крушево! Забрана во изводите, државјанствата, дипломите и сведителствата да стои македонско/македонец, а за замена да бидеме означени со коси црти(///)! Значи, ова ми беше муабетот или прашањето до Мицкивски околу неговите пресови со соопштенија во кои ни соопштува за најголемиот геабеж до сега кој го подготвува картел власта! Нели мислиш Мицковски дека е време еднаш и јавно на прес да кажеш, какви мерки ќе превземеш против таа намера на Заев за грабеж од 5 милијарди евра, импозантна бројка која Македонија ќе ја доведе под нивото на банкрот, којзнае колку долго ќе треба државата за да застане на стабилни нозе по еден таков мегаломански грабеж! Нели мислиш Мицковски дека веќе никој не те смета за сериозен опонент на позицијата како опизиција, туку народот те доживува веќе, само како презентер на временска прогноза кој чита какво ќе биде времето од утре, без да каже да се понесе чадор како заштита од дождот! И меѓу време додека се случат изборите, кои намерно се согласи да се случат за 8 месеци, кој мислиш и како да ја спречи рекетарската власт од грабежот! Ај, име, договори, историја и платформи постепено ќе се враќаат! А, 5 милијарди ако се ограбат тие се отидени неповрат и нема враќање.А, знаеш дека овие косат се пред себе и нема да ги уплшиш само со тоа што си го открил грабежот,туку треба конкретна акција со која ќе треба да ги спречиш!Ајде да те видиме јунаку како и со што ќе ги сопреш..Дека избори се ближат , а сакаш да дојдеш на власт! Затоа!

 

Виолета Петковска

Related posts

Leave a Comment