Колумни

Виолета Петковска : Kорона-голготата на македонските повратници и гангстерскиот третман кон нив од државните служби

Карантин во Битола и на Пелистер - Алфа ТВ

Се враќале дома заради светската заразна пандемија, а на граница биле третирани како екстрадирани воени злосторници или барани мафијаши со потерница!

Голгота низ која поминале во севернава жабокречина од државните служби ме натераа да напишам за чувствата кои ми ги предизвика додека читав и да ја опишам реалната слика во која сме осудени сите да живееме, без основни и елементарни права на човечки битија! Сега била борбата да се вратат во своите огништа бидејки состојбата е таква, корони, паники, стравови. А, кога ќе стивнат стравовите и заразите, кога светот ќе се врати во нормала овие млади луѓе и уште три пати по толку ќе се борат повторно, ама, сега како пак да ја напуштат оваа теритирија која, ама, баш ништо нелегалната власт не направила за нив.

Башка корона-голготата и третманот на ганстери кон нив од државните служби.. Тие едноставно ќе бираат да отидат некаде кај што ќе имаат сигурна егзистенција, почит и третман на људско битие откако ќе се совземат дома и откако се ќе им стане појасно за состојбите без надеж за било каква иднина! Оваа држава им е одземена од ганстерската власт, ги избришаа, им ја ограбија државата финансиски, историски, културно и образовно.. Што ги врзува веќе тука овие младиди луѓе во години со полн ек да заработуваат за себе, способни да си го креираат сами сопствениот живот. Да создаваат за себе и за државата и да ја прават најубавото место за живеење! А што се случува во нивната држава, со што да бидат мотивирани да се задржат дома, кога најнапред за нив вратите за вработување се затворени, предност имаат само тие по рамковен и по партиски клуч!

А, сетете се колку ветуваа 500€ плата и живот за сите,измислуваа дека во време на Груевски државата ја напуштиле дури 600 000 граѓани и младинци и ветуваа дека сите ќе ги вратат назад, соблекуваа чевли пред влада за да го покажат демек, мајчинскиот инстикт кон раселената младина, онаа истата што сега ја оставија без леб, вода и тоалет, е таа!! СЈО на пример е специјално јавно обвинителство за вработување само на сестри, внуци, синови, ќерки,снаи, девојки на синчињата и нивните сестри, баби и пријатели.Има ли простор за некој од овие млади деца да се вработат таму?! Нема! Па, зошто тогаш да седат во севернава и да ги гледаат синовите на пратениците како се однесуваат развратно, возат бесни коли и изиграваат надмоќ со пари и со нивните татковци, замислете, над овие кутри што едвам собрале некој денар да си платат една пијачка и да ја лигават цела вечер, како се чувствуваат!

Епа, затоа бегаат надвор, нели и они сакаат таков богат и убав живот, нели се и они млади, убави и умни и заслужуваат да имаат се. А немаат ни приближно! Зошто?! Затоа што царува рекетарска власт која не отвара работни места, туку ги затвара и тие што постојат! Зошто да седат во севернава жабокречина и да гледаат како децата на министрите зимаат и по 45. 000 евра стипендија од државата за студирање надвор, државата да им го плаќа студирањето, а тие да останат надвор, таму да бидат искористувани професионално, а не во својата земја која ги школувала.. И ќар до таван, нема овде веќе живот ниту за млади, ниту за стари, овдека царува мафијата и партијата, царува поткуп на маргинални заедници кои ја кројат нашата и нивната судбина. Над мнозинството сега владее малцинството и го држи македонскиот суверен народ во ропство и пранги и нема, ама, баш никакви права.

Ниту право на глас, на сопствен избор да биде Македонец, да се нарекува Македонија, да има сопствен идентитет, историја, традиција, егзистенција, работа, култура, а нема ниту слобода! По четиригодишното владеење се што доживеавме од оваа геноцидна, самопрогласена банда на власт, е само тортура, омаловажување и насилство врз сопствената воља и право на избор да бидеме Македонци, да се гордееме со нашата историја, дејците и револуционерите, ни ги бришат симболите и ни го забрануваат идентитетското 16-зрачно знаме да го вееме.

Оние млади луѓе кои пеат за Македонија и го веат 16-зрачното знаме по културни и спортски настани сега се тужени за тој голем “грев” и прекршување на законот кој и не постои таков, бидејки во човековите права и не може да постои такво насилие, ама кај нас постои и тоа запишано во ветрот, но, не и во уставните начела и права! Затоа, вам ви се обраќам, на родителите на овие млади луѓе, кои траорно ви биле измачувани сите денови од пристигнувањето на македонската граница до завршување на државниот карантин: – Потполно можам да ве разберам како се чувствувате кога децата ви раскажуваат како им било одземено правото да одат во тоалет, да трпат глад, да “умираат” за капка вода со часови. Сега како никогаш да смогнеме сила и храброст, да се освестиме и после се, да излеземе на избори да ја срушиме оваа психопатска рекетарска банда на власт, да ја вратиме драги луѓе државата назад, само заради нашите деца, бидејки никогаш не се знае кога пак ќе се случи нешто слично и да мораат нашите деца печалбари по туѓи држави, пак, да мораат да си дојдат дома.

А, нивниот дом да не можат да си го препознаат, односно, како тргнале работите малку фали државата да ни ја федерализираат и се наше печалено да му припадне во рацете на туѓ газда и да биде сопственик на се наше и нашите деца да живеат раселени по светот без свој дом и татковина и да ги гледаме во неколку години еднаш, а можеби и многуу подолго!

Виолета Петковска

Фотографија на Violeta Petkovska.

Related posts

Leave a Comment