Свет

Вирусот Корона ги „напаѓа“ политичарите: Трудо има симптоми, минува во самоизолација

Канадскиот премиер и неговата сопруга имаат симптоми на вирусот Ковид-19.

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе влезе во самоизолација откако тој и неговата сопруга покажаа симптоми на вирусот корона и во моментов чекаат резултати од тестот.

Според најавата, Трудо и неговата сопруга Софи Грегоар покажале благи симптоми слични на грип и мала температура по враќањето од Лондон.

Според Индипендент, симптомите на сопругата на Трудо во меѓувреме се намалиле и тој се определил за самоизолација.
Тој ќе ги прави сите состаноци по телефон.

„Премиерот ќе одржува брифинзи, телефонски разговори и виртуелни состаноци од дома, вклучително и дискусии со светските лидери и учество во специјален комитет за борба против Ковид-19“, се вели во соопштението.

Related posts

Leave a Comment