Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме,на фб се огласи македонскиот патриот и внук на Методија Андоднов кој се соочува со затворска казна поради настаните од 27 април.Јане е во затвор додека Крсто Мукоски и Бети Канчевска парадираат во амбасадата на САД и око не им трепнува за неправедно обвинетите македонски херои.
Јане преку неговата сестра напиша :
Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме.
Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.
Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.
Ние ќе се бориме да ја докажеме нашата невиност и ќе успееме еден ден во тоа иако ќе бидеме во затворот Идризово, нема предавање МАКЕДОНЦИ !!!
Македонија слободна ќе биде !!!
Збогум Шутка!