Свет

ВОЕНО ЗЛОСТОРСТВО НА УКРАИНЦИТЕ: Стрелање во руски војници заробени кај Харков (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како украинските војници пукаат во колена на претепани мажи, кои очигледно се руски затвореници, за време на операција во областа Харков.

Украинските војници, наводно, заробиле руска извидничка група која дејствувала од Олховка, село во Харков, на околу 30 километри од руската граница.

На видеото се гледаат неколку луѓе, очигледно руски воени заробеници, како лежат на земја. Се чини дека сите војници биле тешко претепани и имаат рани на нозете.

Повредените војници ги испрашуваат вооружени мажи, од кои многумина носат сини ленти кои најчесто ги користат украинските единици.

Русија покрена истрага откако на интернет се појави видео на кое наводно се гледа мачењето на воените заробеници од страна на украинските војници.

– На видеото кое кружи на интернет се гледаат заробени војници кои без медицинска помош биле погодени во нозете – се наведува во соопштението на Истражниот комитет на земјата.

– Наредено им е на истражителите да ги утврдат сите околности на инцидентот, да ги соберат и снимаат доказите и да ги идентификуваат сите лица кои биле инволвирани во истиот, со цел да бидат изведени пред лицето на правдата – изјави началникот Александар Бастрикин.

 

Некои од ранетите очигледно починале за време на сослушувањето. На видеото се гледа и дека на уште тројца затвореници им било наредено да излезат од комбето и од непосредна близина се застрелуваат во нозете.

Киев: Не ги мачиме воените заробеници

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател, најави дека Киев ќе започне истрага, еден ден откако на социјалните мрежи се појави видео од тортурата на руските затвореници.

 

 

Related posts

Leave a Comment