Свет

Војна на улиците на Виена: На народот му збоктисаа режимските мерки, судар со полицијата(ВИДЕО)

Austrija

Во центарот на Виена се одржуваат бројни протести на противниците на ковид мерките и задолжителната вакцинација, поради што многу улици се затворени за сообраќај. Според проценките на полицијата, повеќе од 10.000 демонстранти учествуваат во демонстрациите , шетајќи по централната Ринг улица.

Полицијата посочува дека веќе имало неколку апсења поради давање отпор на извршната власт. Атмосферата на протестите е многу тензична и постојано има препукувања со полицијата.

Попладневниот протест започна со собир на левичари кои демонстрираа против давање можност на неонацистите да го релативизираат холокаустот и да ги шират нивните идеи преку учество во протести против короната.

На тој собир имаше туркање со полицијата и фрлање со предмети кон обезбедувањето, кое се обиде да ги пренасочи учесниците за да не стапат во контакт со други поворки. Полицијата била принудена да користи бибер спреј.

Исто така, дел од учесниците на демонстрациите против ковид мерките, фрлаа разни предмети кон полицијата, која воспостави контрола над ситуацијата со употреба на полициски кучиња и кордони. Инаку, на улиците на Виена, според австриското МВР, имало 1.200 полицајци од различни делови на Австрија.

Мета на демонстрантите се и новинарите, кои се обвинети за вазалство кон власта која ги донесе фашистичките мерки.

Затоа, неколку тимови на австриски телевизии, покрај сниматели, тонски инженери и новинари, на улиците испратија обезбедување, кое се грижи за екипите при известувањето.
Според соопштението на полицијата за денеска беа најавени вкупно 27 протести со кои целосно беше блокиран сообраќајот во градот.

Како и пред две недели, Партијата на слободата на Австрија (ФПО) , третата политичка сила во земјата, која веќе подолго време води политика против епидемиолошките мерки и вакцинацијата , повика на најголем протест .

Related posts

Leave a Comment