За време на вакцинацијата на учениците во основното училиште во Салцбург Тененгау, вакцините биле измешани, па 33 деца примиле погрешни вакцини.
Наместо четирикратната вакцина за заштита од детска парализа, дифтерија, тетанус и голема кашлица, на учениците им беше дадена вакцина против хуманиот папилома вирус (ХПВ). Таа вакцина ја примиле 33 деца од второ одделение од основно училиште.
„Родителите веднаш беа информирани за грешката и беше даден сеопфатен медицински совет како да се продолжи“, соопшти провинциската влада.
Вакцината против ХПВ (Гардасил9) се препорачува само за деца постари од девет години, па затоа во овој случај е дадена две години порано, што не е дозволено.
Секретарот за здравство на провинцијата Петра Грубер Јухас рече дека според лекарите нема докази дека постои зголемен здравствен ризик за децата. Сепак, потребна е втора вакцинација против ХПВ за да има заштитен ефект.
Грубер Јухас изрази жалење, посочувајќи дека станува збор за изолиран случај, додавајќи дека обично мешањето на вакцините е речиси невозможно поради стандардизираниот процес. Но, во ова училиште е направена грешка бидејќи училиштето планирало истовремено да ги вакцинира постарите ученици против ХПВ.