На третиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина, жестоките борби продолжија низ целата земја. Додека руските тенкови го напаѓаат Киев, од градот одекнуваат истрели.
Украинската армија лансираше тактички балистички ракети „point-U“ кон Доњецк и Луганск, што предизвика материјална штета.
За тоа време, украинската воздушна одбрана објави дека соборила два руски транспортни авиони Иљушин ИЛ-76 полни со падобранци од западниот дел на таа земја, во близина на главниот град.
Зеленски одби да го напушти Киев
Украинскиот претседател одби да го напушти Киев и им порача на САД дека му треба муниција а не превоз.
🇺🇦❌🇷🇺Ukrainian President Volodymyr Zelensky was asked to evacuate Kyiv at behest of US, Zelensky replied “The fight is here; I need ammunition, not a ride,”
— The RAGE X (@theragex) February 26, 2022