Образование

Во скопско училиште снемало греење, директорката ги држела учениците на скратена настава

Во основното училиште Петар Здравковски Пенко, денес учениците биле држени на настава иако снемало греење.

Родителите револтирани ја обвинуваат директорката Мевлуде Елези Криези за недостатокот на суровини за огрев и велат дека од општината биле префрлени средства за истата намена.

За да биде ситуацијата уште посимптоматична, директорката наредила наставата без греење да се одржи и во наредните три дена. На овие зимски температури можеме само да претпоставуваме какви се последици може тоа да има по здравјето на децата.

 

Related posts

Leave a Comment