Свет

ВРАБОТЕН ВО ГЕРМАНСКОТО МВР : КОРОНАТА Е ЛАЖНА ТРЕВОГА

Вработен во германското Министерство за внатрешни работи на своја рака составил обемен документ, во кој ги критикува мерките на владата. Според медиумите, тој бил суспендиран.

Според „Шпигл“, инсајдерот од Министерството за внатрешни работи на Германија работи во одделот што се занимава со управување со кризи, но тој не е дел од кризниот штаб што се занимава со тековната пандемија.

Мажот, наводно, испратил документ од 80 страници со печат на министерството на голем број електронски адреси, а тој документ стигнал и до конзервативниот портал „Тихис Ајнблик“, кој објави делови.

Вработен во Министерството пишува за „глобалниот лажен аларм“ и тврди дека за време на пандемијата државата станала „една од најголемите производители на лажни вести“. „Веројатно во ниеден момент не постоеше опасност за населението над вообичаената мерка поради новиот вирус“, пишува тој.

„Од коронавирусот воглавном умираат луѓе кои статистички би умреле оваа година затоа што го достигнале крајот на животот и затоа што нивните ослабени тела веќе не можат да се одбранат од какви било случајни дневни оптоварувања (вклучувајќи околу 150 вируси кои во моментот кружат) , се додава во истиот тој документ. За воведените мерки се заклучува: „Во меѓувреме, колатералната штета е поголема од видливата придобивка“.

Германските медиуми генерално го нарекуваат писмото „пикантен“ проблем за Министерството за внатрешни работи или ветер во грб за теориите на заговор.

Министерството го нарече овој документ „приватно мислење“ на вработениот и „самостојна превземена анализира“ за која не бил овластен. Според Шпигл , човекот бил суспендиран од работа.

Во изјавата на Министерството на тврдењата од писмото се одговара дека многу светски земји презеле остри мерки за сузбивање на пандемијата, честопати поостри од Германија. „Развојот на инфекцијата во Германија досега е прилично низок во меѓународна споредба. Преземените мерки делуваат “, заклучува Министерството.

Related posts

Leave a Comment