Свет

ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛА: Австрија ќе ги укине сите мерки против коронавирусот од 5 март

ВРАЌАЊЕ НА НОРМАЛНО: Австрија ќе ги укине сите мерки против коронавирусот на 5 март

Австрискиот канцелар Карл Нечамер најави укинување на епидемиолошките мерки на 5 март.Владата заедно со гувернерите на покраините донесе одлука за натамошно олеснување на мерките со образложение дека состојбата во болниците и покрај големиот број новозаразени, е стабилна.

Учесниците на состанокот денеска сакаа да го прогласат 5 март за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија, пренесува австриските медиуми.

Според претходната одлука на Владата, на 19 февруари ќе следи натамошно олеснување на мерките.

Така, во угостителството, хотелот и настаните, 2G ќе се смени во правилото 3G, со што на невакцинираните, со негативен тест, повторно ќе им се овозможи пристап до кафулиња, ресторани, хотели, концерти, натпревари.

Исто така, од 5 март ќе бидат овозможени приватни и јавни прослави, концерти, саеми и други собири без ограничување на бројот на присутни.

Се укинува и канрантинот, а единствено што ќе остане е обврската за носење маски на одредени места, како јавниот превоз и супермаркетите.

Се размислува и за времено прекинување на задолжителната вакцинација, која беше воведена пред десетина дена.

Related posts

Leave a Comment