Вселенскиот патријарх Вартоломеј, за време на богослужбата на која присуствуваше и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, денеска повика на прекин на „насилството и крвопролевањето“.
„Ја гледаме драмата на украинскиот народ и се восхитуваме на неговиот силен отпор против напаѓачите“, рекол Вартоломеј и повикал на итен прекин на огнот, пренесува Гардијан.
Вселенскиот патријарх рече дека Повелбата на Обединетите нации експлицитно забранува употреба на насилство во меѓународните односи и ги обврзува сите членки на организацијата своите несогласувања да ги решаваат со мирни средства.
Како што рече, во срцето на Европа се случува неправедна војна, се пролева човечка крв, се убиени деца и жени, а уништени се градови и села.
Тој му се заблагодари на премиерот Мицотакис за помошта што Атина и ја испрати на Украина, која вклучува пратки со калашникови и друго оружје.
Се прашуваме, како Патријархот не го мислеше истото кога неговиот грчки народ изврши крвав геноцид врз Македонците во Беломорска Македонија,