Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев за претстојната охридска средба
Охридската средба ги продолжува разговорите за воспоставување „мал шенген“.
Вучиќ на својот Инстаграм профил „иднинаСрбија“ објави фотографија од него на бирото, покрај телефони и бројни документи, како и слика со неговите соработници, со порака „одличен конференциски разговор со Рама и Заев пред важен самит во Охрид 9 . Ноември “.Пред еден месец во Нови Сад беше договорено разговорите за отстранување на пречките за слободен проток на стоки, услуги, капитал и луѓе да продолжат во Охрид, каде се очекува да бидат претставени конкретни мерки.