Свет

Галуп : Популарноста на Трамп достигна рекордни 49 проценти

 

ВАШИНГТОН – Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп достигна рекордни 49 проценти, најмногу откако тој ја презеде функцијата во 2017 година, објави Галуп.

 

Од друга страна, една анкета на „Галуп“ покажа дека околу 50 проценти од регистрираните гласачи не ги одобруваат постапките на Трамп, а само 1 процент немаат мислење.

Претседателот на САД ужива поддршка од 94 проценти од републиканците и 42 проценти од гласачите кои се опишуваат како независни.

Меѓу демократите, политиките на Трамп ги одобруваат само седум проценти од гласачите, пренесува Блумберг.

Во исто време, поделбата меѓу двете водечки партии, кога станува збор за проценка на перформансите на претседателот, никогаш не била поголема откако оваа организација спроведува истражувања.

Related posts

Leave a Comment