Одделот за народната милиција на ДНР ја објави првата снимка на која вооружените сили на Украина ја напуштаат територијата на фабриката Азовстал во Мариупол, положувајќи го оружјето.
Во тој избор им помогнале летоците кои претходно биле фрлени на индустриската зона од фронтовскиот град. Да потсетиме, армијата на ДНР фрли специјални пропагандни гранати, чии шуплини беа исполнети со летоци со упатства како да се предадат.
Сега тие се во заробеништво, но нивните животи се надвор од опасност. На видеото се гледаат пет заробени војници.