Колумни

Гласање на наместени избори на кои однапред се знае исходот и на кои ќе има жестоко полнење , малверзации и криминали, а сето тоа неказнето е еднакво на САМОУБИСТВО.

Зошто #Бојкот?!!!

Бојкотот е оружје на обесправениот, тивок но моќен непокор. Во конкретниов случај Бојкотот ќе покаже дека не сме роботи од крв и месо, дека не сме конвертити кој го менуваат ставот и животните принципи за торба урда. Гласање на наместени избори на кој однапред се знае исходот и на кој ќе има жестоко полнење , малверзации и криминали, а сето тоа неказнето е еднакво на САМОУБИСТВО.

1.- Практични причини зошто бојкотираме

-Не сакаме претседателски без ПАРЛАМЕНТАРНИ избори, зошто со овие избори ништо суштествено нема да се промени само ќе се легитимира и легализира Северна и другите 5 погубни договори. -Немаме реално и рационално решение за Претседател, кој би бил реален стожер и Врховен командант во услови на физичка загрозеност на државата. -Нема кој да ги споведе изборите ( Техничка-Експертска влада) во овие услови да одиш на избори е како да бираш гилотина или бесилка. -Со бојкотот ќе се подрие и урниса хунтата и колаборацискиот режим од внатре, ќе остане само форма без содржина. А тоа ќе доведе до реални предвремени избори. -Со бојкот ќе покажеме достоинство и дигнитет. Пред светот и идните сојузници. -Со бојкот преживуваме денес да се бориме утре.

2.- Идеолошки и принципиелни причини: -Изразуваме револт и демонстрираме незадоволство од трансформацијата на ВМРО ( десна национална) во ДПСНЕ (Центар-Либерална) колаборационистичка партија -Не се помируваме со робството, суптилно но погубно, робство наменето за нашиот ум и идеал. – Не одобруваме стари и излитени, пакувани и препакувани импровизориуми како замена за решение. -Гога Сорос е идеолог на шарената ( ЛГБТ) револуција која доведе до пад на ВМРО и МАКЕДОНСКАТА држава. -Јас лично и повеќето Бојкоташи ја следиме вистината и ноторните факти, па каде и тие да не одведат. -Бојкотот е конечна можност да раскрстиме со системот Курто-Мурто, криминалните импровизирани-решенија кој неминовно водат до конфедерација и крвава граѓанска војна. -Добар начин да се преброиме колку сме Македонски Македонци достојни на идеалите на Илинденците и Асномците, а колку се : хибриди, калкуланти, квинслинзи и линеарни не упатени демагози. Има уште многу но како што реков ЈАСНА Е РАБОТАТА! Ова е моето скромно но издржано и базирано на докази и мислење.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Автор : Том Че

Loading...

Related posts