Тенис

Голем тениски скандал на повидок : 135 тенисери местеле натпревари за обложувалниците

Германските медиуми објавија дека се водат истраги за можни местења на тениски натпревари.

ЗДФ и Велт објавија дека еден германски тенисер и еден „високо рангиран тенисер“ се под лупата.

Се додава и дека одреден Макс Х е под истрага и дека во случајот се вклучени „еден тенисер од најдобрите 30 кој има освоено неколку титули на АТП“.

Пирамидалната шема наводно вклучува и 135 играчи ширум светот, истрагата трае повеќе од една година, во која учествуваат истражни органи од Белгија, Шпанија, Франција и САД, а ФБИ поради тоа е во контакт со белгискиот истражен тим.

Заменик-јавниот обвинител на Белгија, Ерик Бишоп, изјави дека станува збор за „Ерменска мафијашка мрежа“.

„Членовите ширум Европа прават измами. Оваа мафија има многу добро организирана структура“, рече Бишоп.

Се објаснува дека стотици помали суми се вложени во наместени натпревари, како и дека тенисот е погодно тло за местење затоа што не треба да бидат вклучени многу актери.

Related posts

Leave a Comment