Ја носам гордо како Медал на Честа – “титулата” идеолог и инспиратор на Македонштината – “доделена” од нелегитимната терористичка квислиншка СДС/УЧК Хунта на однадвор назначени слуги на поразените глобалофашисти!
И нема застанување додека Македонскиот Народ за овој државен тероризам врз него и за криминалната злоупотреба на државен апарат финансиран со наши народни пари, за личен, финансиски и политички профит не ве стави онаму каде за тоа законите ве носат – В ЗАТВОР!
Мега-Аферата Атлантик е скандал поголем и од Големото Уво! Прислушкување , следење а и закани за граѓани поради вршење основни граѓански дејности кои легитимно и јавно се одвиваа со Бојкот на Референдумот, активности против анти-уставното и незаконско менување на име, корумпираното задолжување за личен џеб и со цел раздавање на Македонските ресурси за безпари, и против сите други криминални активности!
Ова е најгрубо кршење на основните човекови права и злоупотреба на службена положба и овластување и само по себе претставува државен тероризам врз народот и грубо, криминално и мафијашко приватизирање на државниот апарат за лични политички и финансиски профит, за кое постои строга законска казна.
Нелегитимната Хунта и нејзиниот “министер за внатрешни” Оливер Спасовски и “премиерот” на нелигитимната „Северна” Зоран Заев, се директно одговорни за оваа МЕГА АФЕРА на невидена злоупотреба на нашите заеднички и со наши народни платени државни институции за тесни лични интереси на нелегитимно поставените слуги на пропаднатиот глобалофашизам, и ЌЕ ОДГОВАРААТ за сторено КРИВИЧНО ДЕЛО.
Тој референдум ви го урнавме ние, Македонскиот Народ, и тој референдум ќе биде институционална основа за ПОНИШТУВАЊЕ НА СИТЕ ВАШИ ПРЕДАВНИЧКИ АКТИ од 27ми април 2017 наваму, и ќе бидe основа за ваше КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ, ЗАТВОР И КОНФИСКАЦИЈА НА СЕТО УКРАДЕНО ОД ВАС И НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ДОБРА И ВАШИ “БОМБОНА БИЗНИСИ” ДАДЕНИ ПОД РАКА И ЗА БЕЗ ПАРИ!