Економија

Грција и Македонија почнаа да добиваат гас преку Турски тек

Русија започна да испраќа гас во Бугарија, Грција и Македонија преку новиот гасовод „Турски тек”, објави Булгартрансгаз, наведувајќи дека ова е начин за намалување на снабдувањето преку Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Русија го гради Турски тек и работи на двојно зголемување на капацитетот на гасоводот „Северен поток”, со кој преку Балтичкото Море испраќа гас до Германија, како дел од плановите за заобиколување на Украина кон европскиот пазар.

-Испораките на руски гас не само за нас, туку и за Грција и Македонија одат преку нова влезна точка (на нашата граница со Турција), изјави директорот на Булгартрансгаз, Владимир Малинов, за бугарското национално радио БНР.

Рускиот „Гаспром” на 1 јануари започна да испраќа околу 3 милијарди кубни метри гас до Бугарија преку Турски тек, заменувајќи ја поранешната рута преку Украина и Романија, пренесува Ројтерс.

Минатата година „Гаспром” испорача околу 3 милијарди кубни метри гас за Грција и околу 500.000 милиони гас во Македонија.

Малинов рече дека Трансбалканскиот гасовод сега не работи, но додаде дека може да се искористи за испраќање на гас во Романија, Молдавија и Украина доколку побарувачката се зголеми.

Русија го гради Турскиот тек со два цевководи, секој со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно, пренесува Танјуг.

Првиот цевковод е наменет за Турција, а вториот ќе оди понатаму, од Бугарија до Србија и Унгарија.

Бугарија се надева дека ќе може да започне со испорака на гас за Србија до мај и планира да ја изгради целата делница до крајот на годинава. /МИА

Related posts

Leave a Comment