Предвремените парламентарни избори во Македонија се директно поврзани со иднината на Преспанскиот договор, јавуваат денеска грчките медиуми.
Медиумите посочуваат „загриженост на Атина за последните случувања во Скопје“.
Во написите за предизборна треска во Македонија се проценува дека сето ова ќе има лошо влијание врз иднината на Договорот од Преспа, објавија грчките медиуми за синоќешната средба кај претседателот Пендаровски, каде што беше договорено дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април следната година .
Иако грчката влада официјално не зазема став или коментар за политичките случувања во соседната земја, грчките новинари и понатаму ја анализираат загриженоста на Атина за внатрешните политички превирања во Македонија.
Осврнувајќи се на цитирани европски извори, Њус 24-7 пишува дека кругови во грчката влада проценуваат дека доколку ВМРО ДПМНЕ се врати на власт, таа нема да го поништи договорот од Преспа, туку ќе ја комплицира неговата имплементација и ќе ги интензивира точките на несогласување со Атина.
„Покрај тоа, иако се чини дека оваа влада не ги спроведува клучните точки на договорот, како што се учебниците и печатите, јасно е дека нема да има простор за преговори со Владата на Македонија до изборите на 12 април – која ќе биде техничка до почетокот на годината – додека Договорот од Преспа ќе биде вклучен во конфронтациите во предизборната кампања “, пренесуваат од овој медиум.
„Прото Тема“ пишува дека ако националистичката ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Кристијан Мицкоски победат на изборите, најверојатно ќе има пресврт во Договорот од Преспа.
Тие не очекуваат, велат тие, документот да биде поништен, но не ја исклучуваат можноста тој да биде доведен во прашање.
Затоа, велат тие, Атина внимателно ги следи настаните, но не паничи.
„Не сака враќање во националистичката реторика што би ја одбележало победата на ВМРО. Покрај тоа, потенцијалните проблеми на внатрешната кохезија во соседната земја се непожелни“, пишува Прото Тема.
Анализирајќи ги евентуалните последици за Атина, преку Интернет изданието на весникот „Товима“ пишува дека во Грција се очекува голема дискусија меѓу владата и опозицијата „Сириза“ околу Договорот од Преспа, но и дека грчката влада е загрижена за „опасноста од националистичка ВМРО да ја преземе власта“.
„Веројатноста за политичка промена во ЕУ. Македонија ќе предизвика пресврт во Договорот од Преспа. Иако договорот не може да се поништи, аналитичарите посочуваат, тој сепак може да биде доведен во прашање од една, на пример, националистичка влада. Аналитичарите велат во таков случај аспектите на Договорот од Преспа што Грција сака да ги спроведе остануваат неактивни или никогаш нема да бидат имплементирани од националистичката влада во Скопје “, пишува То Вима.
Од друга страна, грчката влада не би сакала ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите во април во Македонија, бидејќи во тој случај ќе дојде на власт партија со национална реторика пишува Ајефимерида.
„Од друга страна, дури и со можна победа на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот од Преспа не може да се поништи, но може да има малки пресврти“, анализира Ајефимерида.
Грчките медиуми коментираат дека ветото на Франција на минатонеделниот самит во ЕУ и неможноста да се постигне договор за започнување преговори за пристапување со Македонија, се причини за предвремените парламентарни избори.
Очигледно грчките медиуми или несакаат или не ја согледуваат се поизвесната разврска на политичката сцена во Македонија која со голема веројатност се движи во насока на делегитимизирање на двете најголеми партии во државата и победа на нови патриотски сили поддржани од мнозинството Македонци кои безусловно ќе го поништат преспанскиот нелегитимен договор.