Според првичните резултати од тестирање на антитела, околу 2,7 милиони луѓе во Њујорк веројатно биле заразени со коронавирус, предупреди гувернерот Ендру Куомо.
Резултатите од случајни тестирања во Њујорк покажаа дека од 3.000 граѓани, околу 13,9 проценти закрепнале од коронавирусот, рече Куомо на прес-конференција, пренесува Раша Тудеј.
Додека гувернерот предупредува дека резултатите се прелиминарни и варираат од округ до округ, како и државата, тој сепак успеа да го доведе во прашање гледиштето за вирусот како „смртна пресуда за Њујорк“.
Поточно, новите бројки покажуваат дека ако се земе во предвид колку луѓе го „прележале вирусот на нозе“, стапката на смртност во таа сојузна држава е околу 0,5 проценти, што е значително помалку отколку што се веруваше порано.
Њујорк е епицентарот на епидемијата во САД и е најпогоден од инфекцијата, со оглед на високата густина на населението.
Сепак, дури и во град каде што 21,2 проценти од населението е позитивно за антитела на Ковид-19 (1,77 милиони луѓе), има 15.000 жртви, што е стапка на смртност од 0,8.
Стапките на зараза надвор од градот се уште пониски, 16,7 проценти кај жителите на Лонг Ајленд, 11,7 проценти во Вестчестер и Рокленд.
Околу 3,6 проценти се позитивни во остатокот од државата, рече Куомо.
Куомо рече дека вирусот не ја погодува подеднакво целата држава Њујорк.
Тој неодамна објави дека државата ќе биде затворена до средината на мај и предупреди дека нема да дозволи никому да се врати на работа без масовно тестирање.
Тестирањето на антитела било спроведено во продавници на 40 локации во 19 окрузи во Њујорк и не ги вклучувало болните кои се на домашно лекување и оние во болниците.
Резултатите се слични на оние до кои ги дојдоа истражувачите во Санта Клара, Калифорнија и Масачусетс, кои откриле широко распространета асимптоматска и лесна инфекција, особено кај популацијата за која се смета дека не е подложна на коронавирусот.