Излегувањето на Киев од договорот„Минск-2“ може да се претвори во распаѓање на Украина.
Ова мислење во интервју за ФАН го изрази украинскиот политичар, поранешен заменик на регионалниот совет на Одеса, Алексеј Албу.
Според него, договорите од Минск за стабилизација на ситуацијата во Донбас ја попречуваат „преобразбата на Украина во антируски проект“.
Меѓутоа, доколку „Минск-2“ се одложи на неодредено време, може да започне процесот на распаѓање на земјата.– Заминувањето од „Минск-2“ значи нова војна, а таа војна нема да биде „мала и победничка“ за режимот во Киев. Оваа војна може да доведе до отстранување од власт на оние кои сега ја водат Украина. И второ – регионите на Украина имаат многу длабоки противречности. Од таа причина е исклучително тешко да се одржи единството на земјата – изјави политичарот за РИА Фан.