Го слушам Вашиот говор и се чудам. Како да сте паднале од Марс. Како да зборувате за друга држава и за проблемите на друг народ. Одбивате лидерска средба и расправа во Мк. Парламент за македонските црвени линии.
Замислете : ,, Било не сериозно во 20 век политичари и пратеници со својот потпис да го потврдуваат и заштитуваат македонскиот идентитет и јазик, кој е веќе заштите, меѓународно признат и никој денес не го оспорува”. Затоа ве прашувам. Човече во кој свет живееш? Дали си глув и слеп? Зарем не ги слушаш изјавите од Борисов, Црниот качак и Захариева? Не прагласија за измислен народ со измислен јазик од 1944 год.
Зарем не си слушнал за Декларацијата на Бугарскиот Парламент и Објаснувачкиот меморандум од Бугарската влада, со кои исто така ни се оспорува токму идентитетот и јазикот? Зарем не си слушнал за бугарското вето на пристапните преговори и на договорот со ФРОНТЕКС, само поради придавката македонски? Ало ,,љубави”, треба да разбереш.
Нам не ни треба потврда и заштита на идентитететот и јазикот. Тие се доволно заштитени и меѓународно признати. На македонскиот народ му треба заштита од сопствените политичари, од домашните неразбрани трговци– измеќари во служба на туги интереси, кои тргуваат со нашиот идентитет и јазик. Тоа се оние патолошки лажговци кои се колена во воздухот што го дишат, во своите деца и предци дека нема да чепкаат во уставното име. А видовме што се случи. Преку ноќ, спротивно на референдумската воља, со уцени и трансфер на пратеници го сменија нашето исконско, свето и библиско име Македонија.
Истите тие патолошки лажговци, денес повторно тајно, позади грбот на македонскиот народ разговараат за нашиот идентитет и јазик. Фактот што со месеци наназад нашите водечки политичари несмеат да изговорат Македонија и македонски, што се наоѓаме во фаза на бришење на историјата како наставен предмет во основните училишта, се непобитен доказ дека се планира да се избрише буквално се што е македонско.
Токму затоа насушно е потребно да се дефинираат македонските црвени линии. Затоа народот бара парламентот да усвои декларација со која ќе им се забрани на македонските политичари идентитетот и јазикот да ги вметнат како предмет во престојните разговори, преговори и договори. Тоа е одамна завршена работа.
Бидете сигурни, македонскиот народ нема да дозволи повторно да биде прелажан. Крајно време е да застанете зад народот и ги поддржите неговите барања. Наместо тоа вие засега со своите изјави се приклучувате во ,, бандата” на патолошките лажговци. На овој начин преседателе станувате соучесник во најголемиот цивилизациски злостор во 21 век, за кој дебело ќе се одговара. Правдата е спора но достижна.
Дардан Венетски