Свет

Двајца Палестинци убиени за време на протестите во Газа

 

Двајца Палестинци беа убиени денес од израелски стрелбен оган за време на судирите на границата Газа-Израел, соопшти палестинската власт. Израелските медиуми објавија дека најмалку 66 демонстранти се ранети, вклучувајќи 38 од муниција.

Палестинците од минатата година масовно протестираат на граничниот премин меѓу Газа и Израел против израелските и египетските блокади воведени во 2007 година, барајќи враќање на палестинските бегалци на сегашната израелска територија.

За време на протестите, наречени марш на враќање, беа убиени повеќе од 300 Палестинци, повеќето во судири со израелските војници, а имало и жртви од израелските воздушни напади во знак на одмазда за истрелани проектили од минофрлачи од палестинската територија. Во насилството загинаа и седуммина Израелци.

Related posts

Leave a Comment