Свет

ДЕМОКРАТИТЕ ВО САД БАРААТ ИМЕТО И СТАТУАТА НА ЏОН ВЕЈН ДА БИДАТ ТРГНАТИ ОД ЛОКАЛЕН АЕРОДРОМ

John Wayne's son defends his father's homophobic 'two f*gs' interview

Како последен потег во редефинирање на погледите за американската расистичка историја, лидерите на демократите од округот Оринџ побараа отстранување на името, статуата и други видови на појавување на филмската легенда на Џон Вејн од аеродромот во округот, поради неговите наводни расистички и нетолерантни коментари.

Лос Анџелес Тајмс претходно оваа недела објави дека официјалните лица усвоиле итна резолуција во која се осудуваат „расистичките и нетолерантни изјави“ на Вејн дадени во интервјуто во 1971 година и го повикале  Окружниот супервизорски одбор да го отстранат неговото име, статуа и други негови обележја од меѓународниот аеродром.

Во резолуцијата од одборот се бара  да го „обнови неговото оригинално име – аеродром на округот Оринџ “.

И порано имаше напори да се стори тоа и сега од свое име даваме поддршка да се осигураме дека е сменето, рече Ада Бричено, шеф на Демократската партија во округот Оринџ.

Според оние кои ја подготвиле резолуцијата, заложбите  да се отстрани Вејн, долгогодишен жител на округот кој почина во 1979 година, е дел од „националното движење за отстранување на симболите на таканаречените бели суперматисти симболи и имиња (кои) ги преобликуваат американските институции, споменици, бизниси, непрофитниот сектор, спортски лиги и тимови “.

Во интервју за магазинот „Плејбој“ во 1971 година, според движењето Вејн дал нетолерантни коментари против црните луѓе, домородните Американци и ЛГБТ заедницата.

Тој тогаш рекол : “Јас верувам во белата супермација сè додека црнците не се едуцираат до степен на одговорност. Не верувам во давање овластувања и лидерски позиции и судови на неодговорни луѓе”.

Вејн исто така рекол дека, иако тој не го поддржува ропството, тој не се чувствува виновен „поради фактот што пред пет или 10 генерации, овие луѓе биле робови“.

Актерот исто така рекол дека не чувствува каење поради покорувањето на Индијанците. „Не чувствувам дека погрешивме што им ја одземавме оваа прекрасна земја. Нашата т.н. кражба на оваа земја од нив беше само прашање на опстанок“, рече тој. „Имаше огромен број на луѓе на кои им требаше нова земја, а Индијците себично се обидоа да ја задржат за себе “.

Вејн ги нарече и филмовите „Голи во седлото“ и „Полноќниот каубој“ изопачени, користејќи навредлив термин за двајцата геј ликови во еден од  овие филмови.

Супервизорот на округот Оринџ, Дон Вагнер, изјави за „Тајмс“ дека штотуку слушнал за резолуцијата на демократите и дека не бил свесен за нејзината формулација.

Related posts

Leave a Comment