Прес-службата на партијата соопшти дека ја ,,напуштил,, земјата на неколку дена за да го посети своето семејство
Владимир Плахотњук, лидерот на владејачката Демократска партија на Молдавија, ја напушти земјата “на неколку дена”, објави прес-службата на партијата во саботата.
“Поради шпекулациите на медиумите за наводното исчезнување на лидерот на Демократската партија на Молдавија, објавуваме дека Владимир Плахотњук, ја напушти земјата на неколку дена, за да го посети своето семејство”, се вели во соопштението од прес-службата.
Откако Демократската партија во петокот вечерта ја објави оставката на кабинетот на Павел Филип и рече дека ќе премине во опозиција, премиерот Маја Санду за новинарите изјави дека Плахотњук ќе биде обвинет за “узурпација на власта” и други злосторства. Според извештаите на молдавските медиуми, веднаш по објавувањето, Плахотњук и членовите на неговиот внатрешен круг ја напуштиле земјата.
Продолжената политичка криза во Молдавија треба да се реши, откако Демократската партија одлучи да ја предаде власта и нејзините поддржувачи да ги деблокираат влезовите во владините канцеларии. Еден извор од партијата за медиумите изјави дека одлуката била донесена по посетата на канцеларијата на партијата од страна на американскиот амбасадор во Кишињев ,,Дерек Хоган,,. Партиските лидери, според неговите зборови, никогаш не престанаа да се надеваат на поддршката на Вашингтон во конфронтацијата со претседателот, парламентот и кабинетот на Санду, но ниту еден од нив не ја доби.