Свет

Доналд Трамп сака да открие кој е свиркачот

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот му кажа на својот персонал дека сака да открие кој е „свиркачот“ кој дал информации за неговиот телефонски разговор со украинскиот колега Володимир Зеленски, истакнувајќи дека лицето е „скоро шпион“.

Трамп рече дека секој што давал информации за неговиот телефонски разговор е „скоро шпион“ и дека со „шпионите“ се постапувало различно во старите денови, пренесува Њујорк Тајмс.

Весникот цитира неименуван извор запознат со коментарите на Трамп, пренесува Танјуг, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Тој тврди дека не сторил ништо лошо

Откако неименуван свиркач изјавил дека Трамп го замолил Зеленски да го истражи синот на неговиот претседателски контра-кандидат Џо Бајден во телефонски разговор, само неколку дена по замрзнувањето на воената помош за Украина, американскиот Конгрес започна истрага за тоа дали американскиот претседател треба да се отповика.

Истрагата треба да утврди дали Трамп ја злоупотребил позицијата со тоа што побарал странска помош за да му наштети на неговиот ривал.

Трамп изјави дека не сторил ништо лошо и дека е во тек „најголемиот лов на вештерки во историјата“.

Зеленски рече дека не сака да се меша во американската политика и дека единствената личност  која може да влијае на него е неговиот шестгодишен син.

Related posts

Leave a Comment