Македонија

Државата со 6,5 милиони евра ќе купува апарати за коцкање

Државната видео лотарија на Македонија со народни пари ќе добие 1.500 апарати за коцкање во вредност од повеќе од 6,5 милиони евра. Договорот бил склучен на 2 јануари со компанијата „Евро Гамес Технологи“, со седиште во Софија, Бугарија. Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат власта дека наместо да работи на ограничување на бројот на обложувалници и казина, таа купува апарати за коцкање.

Според пратеникот на СДСМ, Диме Велков, опозицијата обвинува без основа.

Пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили рече дека решение за проблемот со игрите на среќа може да се најде со поддршка на предлог-законот што подолго време се одолговлекува во Собранието.

“Законот е во постапка, ако имаме консензус за овој закон можеме да го донесеме на следната седница, доколку има предлог од пратениците можеме да го пуштиме и по кратка постапка”-изјави Реџаил Исмаили, ДУИ.

Во Собранието, повеќе од една година се одолговлекува Законот за игрите на среќа. Од Движењето против коцкање се жалат дека кај народните избраници нема интерес за решавање на проблемот.

Related posts

1 comment

DLM 16/01/2020 at 09:46

А што очекувавте вие?
Кога ќе ви инсталираат нарко бос и дилер на наркотици за прајмминистер, да не очекувавте да ви отвара институти за нуклеарна физика, бидете среќни што не ја претворил (со Устав или закон) цела држава во јавна куќа па да ве продава онака баш со насмевка на лице…..

Ооооооо тутурутки мили мои, нема смисла на глуп да му објаснуваш дека е глуп затоа што нема капацитет да го тоа разбере туку треба да му помогнеш да не биде жртва на вакви психопати…… затоа памет во глава а газето до зидот!

Reply

Leave a Comment