Здравје

Д-Р РАЈНЕР ФУЛМИЧ : КОРОНА КРИЗА ИЛИ КОРОНА СКАНДАЛ?

КОРОНА КРИЗА ИЛИ КОРОНА СКАНДАЛ?
Најголемиот случај за злосторство против човештвото – корона скандалот, се подготвува да биде изнесен пред меѓународните судови од страна на меѓународната мрежа на адвокати.
Злосторствата против човештвото се специфични дела кои се сторени со намера, како дел од широко распространет или систематски напад насочен против било кој жител, во време на војна или мир. Првото гонење за злосторства против човештвото се случи на судењата во Нирнберг. За разлика од воените злосторства, злосторствата против човештвото можат да бидат извршени за време на мир или војна. Тие не се изолирани, ниту спорадични настани, туку се дел или од владината политика (иако сторителите не треба да се поистоветуваат со оваа политика) или од широката практика на злосторства толерирани или игнорирани од одредена влада или де факто надлежен орган (1).
Во видеото Д-р Рајнер Фулмич објаснува како и каде меѓународната мрежа на адвокати ќе го води овој најголем случај до сега.
„Оваа корона криза, според сето она што го знаеме денес, мора да биде преименувана во КОРОНА СКАНДАЛ и оние кои се одговорни за неа, мора да бидат криминално гонети и судени за предизвиканите граѓански штети. На политичко ниво, мора да се направи сѐ, за никој и никогаш повторно да не биде во позиција на таква моќ, за да може да го измами човештвото или да се обиде да нѐ манипулира со нивната корумпирана агенда.“ – д-р Фулмич
Д-р Рајнер Фулмич практикува кривично право првенствено во судења против измамнички корпорации. Застапува случаи против големи корпорации, како што се на пример: Дојче Банка, Фолксфаген и Куне&Нагел. Специјализиран е во областа на: Законот за банкарство и берза, Меѓународно приватно право и Медицинско право (2).
Тој е еден од четирите членови на германскиот Корона Истражувачки Комитет кој почнувајќи од 10.7.2020 година сослушува голем број на сведочења од меѓународни научници, експерти и нобеловци, со цел да најде одговори на прашањата поврзани со корона кризата:
1. Постои ли корона пандемија или само ПЦР-тест пандемија?
2. Дали т.н. анти-корона мерки служат да ја заштитат светската популација од корона или служат за да направат паника меѓу луѓето.
3. Дали е вистина дека во германската влада имало масовно лобирање од страна на светските надлежни здравствени институции за да стане пример- модел за останатите држави?
1.https://en.wikipedia.org/wiki/Crimes_against_humanity…)
2.https://www.fuellmich.com/dr-reiner-fuellmich/

video
play-rounded-fill

Related posts

Leave a Comment