Свет

Европа може без руски гас шест месеци, потоа колапс

ЕВРОПА може без руски гас најмногу шест месеци, по што европската економија силно ќе ги почувствува негативните последици од откажувањето од руската енергија, изјави за AFP шефот на канцеларијата на ММФ за Европа, Алфред Камер.

– Во следните шест месеци Европа може целосно да опстане без руски гас. Во исто време, доколку вака продолжи до зима или уште подолго, тогаш тоа би имало големи негативни последици за европската економија – вели Камер.

Според него, потребни се повеќе мерки за да се влијае на ситуацијата.

Едната е потрагата по алтернативни извори на снабдување, што веќе се прави низ целата земја. Потрошувачите, исто така, можат да ја намалат побарувачката, за да ги зголемат резервите на гас порано и да ги ублажат негативните ефекти.

Да потсетиме, заменик-премиерот на Русија, Александар Новак неодамна во авторски напис за весникот „Енергетска политика“ изјави дека тешко дека Европската унија ќе успее целосно да ги замени нафтата и гасот од Русија во следните пет до 10 години со што се сложуваат многубројни светски стручњаци од областа на индустријата.

 

Related posts

Leave a Comment