Свет

Египет и Русија согласни дека Израел треба да престане со нападите врз Појасот Газа

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри и неговиот руски колега Сергеј Лавров се согласија дека Израел треба да престане да го напаѓа Појасот Газа , пренесува агенцијата Анадолу.

Во телефонски разговор двајцата дипломати рекоа дека Израел треба да престане со крвопролевањето – се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Египет.

Бројот на загинати од израелските напади врз Појасот Газа достигна 83, вклучувајќи 17 деца и седум жени, а бројот на ранети е 487.

Палестинските групи за отпор и дадоа рок на израелската полиција да се повлече од населбата Шеик Јарах и комплексот Ал-Акса во окупираниот Источен Ал-Кудс (Источен Ерусалим) до 18 часот.

Израелските сили не се повлекоа во утврдениот рок, после кој следеше судир и напади од израелските сили врз Газа.

Related posts

Leave a Comment