МОСКВА – Воените единици на самопрогласената Народна Република Доњецк ја завршија опсадата на Мариупол, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Игор Конашенков.
„Единиците на воружените сили на Доњецката Народна Република ја продолжуваат офанзивата и ја завршуваат опсадата на Мариупол“, рече тој.
Тој наведе дека дополнително, силите на самопрогласената Луганска народна република „со вооружена поддршка на руските сили“ извршиле успешна офанзива, напреднале уште 23 километри и воспоставиле контрола во Новаја Астрахан и Боровенка, пренесува ТАСС