Колумни

Елизабета Матевска : ИЗБОРИ ИЛИ НЕ, БОЈКОТ ИЛИ НЕ, БОЈКОТ ИЛИ ИЗБОРИ

Колумна, анализа, повик за обединување на родољубните субјекти и поединци од Елизабета Чингарова Матевска.

ИЗБОРИ ИЛИ НЕ,  БОЈКОТ ИЛИ НЕ, БОЈКОТ ИЛИ ИЗБОРИ

Премногу повици, апели, молби, крикови чујни и нечујни…од македонскиот народ…

‘‘ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗДРУЖЕТЕ СЕ!

Зарем не го заслужуваме тоа!!!‘‘

Овој период, од 30год, последните 5 а особено последниве 3год, беше сосема доволен но и предолг, да ги осознаеме реалните состојби во државата со комплетното предавничко поданичко политичко правните структури.

Сега е дојдено времето и јасна потреба  за сериозно обединување на Македонскиот Отпор во ЦВРСТО НЕРАСКИНЛИВИ ТКИВО!

КОГА ЌЕ СЕ ОБЕДИНИМЕ АКО НЕ СЕГА, ПОСЕБНО СЕГА, КОГА ПОМЕЃУ НАС Е ПОСТАВЕНА СТАПИЦАТА ИЗБОРИ ИЛИ НЕ!?

Со овој текст инсистирам и на  директна комуникација со читателот, разјаснување на состојбите и барање одговори од народот, народното мнение, правници, стручни лица, аналитичари.

Поставувајте прашања но и давајте одговори!

Давајте насоки, размисли, решенија …

Сериозно тешко е кога ќе ти постават прашање, секако во негативна конотација, што направивте овие 3 год?… потценувајќи и анулирајќи го се ова што го дадовме како сопствен и заеднички ангажман во оваа неправедна борба…навистина е тешко, но е можеби е и поттик да не застанеме, да не се откажеме, затоа што забелешките и покрај тоа што се неправедни на некој начин делуваат и поттикнувачки.

Тука секако нема да образложувам што се‘ било како активност, на бројни родољубни субјекти , поединци, во предходниот период, за тоа секако мнозинството е запознаено и не е тема на овој текст но  само следново  ќе го искажам.

Ние ОБИЧНИТЕ чесни родољуби борбата не ја гледаме еднострано, од аспект, јас го направив ова, ти она, оној она…итн

Ако досега не сфативме дека дека борбата е заедничка, дека МОРА ДА БИДЕ ЗАЕДНИЧКА, ДЕКА И‘ БОРБАТА И‘ ПОБЕДАТА МОРА ДА БИДАТ ЗАЕДНИЧКИ, далеку сме од идеата , далеку сме од целта и многу далеку од победата над злото кое ни надвисна.

Не е враме за анализи и критика кој  што и колку направил, се ангажирал, се давал самиот себе,  партиципирал во отпорот, кога борбата е во полн ек, барем се надевам дека е, без разлика колку е видлива или не, а ресурсите ни се мали скоро никакви во сосднос на спротивставените, апатијата во народот е огромна исто така и разочараноста, но за жал и чесните борци малубројни…или се лажам!?

Во тек беа повеќе препукувања за тоа кој ја воспоставил агендата бојкотирам, зарем е тоа толку битно…најбитно е тоа што беше успешна и народот ја прифати, можеби и не толку како поставка, туку како дел од милениумскиот начин за самоопстој преживување, самозаштита,  врежан длабоко во подсвеста на народниот генијален ум потикнат  од огромните неправди, завојувања,  ропства и сл.

Загрижувачки е,  како на некои медиуми, да ги наречам самостојни или не знам како,  се инсистира на ОМАЛОВАЖУВАЊЕ И ВО СТАРТ НЕГИРАЊЕ НА

ПОВЕЌЕ СЕРИОЗНИ  И ИСКРЕНИ ИНИЦИЈАТИВИ, како што е Родина, омаловажување на едно искрено патриотско родољубно народно движење Македонска преродба.  Тоа секако не е случајно, се‘ си има свое значение и цел, посебно кога во нив се препознава пред се‘ искреност, јаснотија, чисто родољубие, чесност, отворена борба со предавниците, здрава структура на родољуби…малку е ова што го набројав, навистина малку…

Во оваа борба најбитно е да  се поставиме во позиција на здрав разум и политика на не напаѓања а секако најважна ни е меѓусебната соработка пред се чесна, искрена, здружена.

Аргументирано анализирање на настаните, на состојбите, давање афирмативно конотирање на активностите  без самовоспевање и самопофалби.

Оваа борба мора да биде наша и само наша, на сите чесни родољуби на сите кои си ја сакаме Македонија но и со респектабилно уважување и  со почит кон  блискиот свој!

Сега малку за тоа поконкретно окулу актуелностиве.

Повеќе од апсолвирано е дека и повеќе од непотребно навлеговме во замката односно стапицата, која можеби и самите си ја поставивме , свесно или несвесно,  ИЗБОРИ ИЛИ НЕ односно БОЈКОТ ИЛИ НЕ …или БОЈКОТ ИЛИ ИЗБОРИ.

Окулу ова горливо и исклучително тешко прашање, кое сите не крши од корен како што се вели, но секако е пожелно да се има став отколку да се нема став, односно да бидеме индиферентни незаинтересирани, тоа е најлошата можна опција.

Во подолниов текст поставувам кратка анализа окулу барем засега познатите ствови, секако за изборите, но само од родољубниот електорат!

  • Бојкотирам избори, нека прават што сакаат, преку глава ми се.
  • Бојкотирам избори, не признавам избори во северна и на тој начин не давам легитимитет на непостоечка дива творба.
  • Сега не е момент за борба, најизвено е дека ќе бојкотирам, ние сме стар народ со код стар илјадници години и никој тоа нема да ни го одземе, засега се притајувам.
  • Бојкотирам и чекам што поинатаму, (без завземен став, активност, поставка на стратегија структура што понатаму)
  • Бојкотирам со цел да изгуби дпне со цел да настапи нова структура во партијата, со цел во идно време да ја превземе власта и да донесе позитивна разрешница, затоа што само таква организирана структрура може да понесе и победа и разрешница.
    • Учевствувам на избори, затоа што без разлика на излезноста власт ќе има од едните или другите, со тоа сакам да дадам контра одговор, колку што е возможно.
    • Учевствувам на избори и исклучително ќе гласам за Вмро, затоа што само тие имаат сила и ресурси да направат нешто за опстанокот на Македонија.
    • Гласам за кого и да е (ОСВЕН за СДС), за да не ми се злоупотреби ливчето.
    • Гласам за трета (ПРВА) опција – само не знам дали воопшто е организирана?
    • Гласам за трета (ПРВА) опција со цел да стане силен фактор во понатамошното политичко делување, пред се враќање на се‘ македонско!

    И сега се надоврзувам на последниве две искажувања на македонското родољубно електоратско искажување.

    И дека единствено само НИЕ сме тие повиканите, патриотските здруженија, партии, поединци, сме таа авангардна армија преставници на МНОЗИНСКИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД, на тој чесен, искрен домољублив народ македонски.

    Доволно беше од антагонизми и недоразбирања, расчеречување на и онака кревкото македонско народно родољубно ткиво, кое оди само во прилог на непријателот.

     

    АКО  СЕГА НЕ СЕ  ОБЕДИНИМЕ  ВО ЕДНА ЗАЕДНИЧКА АГЕНДА, ВО ЗАЕДНИЧКА  ЗАЛОЖБА, ВО  ЕДНО НЕРАСКИНЛИВО НЕПОКОЛЕБЛИВО  ЦВРСТО  ТКИВО,  секако извесно е дека ќе треба уште многу подолг период за да го оствариме тоа  понатаму.

    БЕЗ РАЗЛИКА НА ТОА  КАКВА И ДА Е ОДЛУКАТА  НА ЗАЕДНИЧКИОТ КУРС НА  ТАА АГЕНДА, БЕЗ  РАЗЛИКА  НА  ИСХОДОТ  НА ИДНИТЕ СЛУЧУВАЊА НИЕ КАКО ОТПОР  ЌЕ  ОПСТАНЕМЕ  И  СИЛНО  ЌЕ ЗАЈКНЕМЕ,  ЌЕ  ПОСТАНЕМЕ  НЕПОБИТЕН  ФАКТОР  НА  ПОЛИТИЧКО  ОПШТЕВСТВЕНИТЕ  НАСТАНИ  И  ДЕЛУВАЊА ВО ДРЖАВАТА!

    Залакот, предизвикот е преголем но и нашата љубов  кон татковината е непоимливо голема во размер на сознанието на оддаденоста, почитта, исконот кој ни е света водилка!

    Затоа мораме да делуваме заеднички, мораме да ја извојуваме последната битка на ослободувањето и на одважен достоинствен начин да ја прекинеме оваа агонија.

    НА НАС ПАДНА  ЗАДАЧАТА, ТАА СВЕТА МИСИЈА, ДА ЈА ИЗВАДИМЕ ТАТКОВИНАТА ОД ОВАА АГОНИЈА!

    При тоа мораме да бидеме реално свеснии одговорни за сериозноста на задачата која ни ја наметна мајката македонска, историјата, нам на нејзините чеда родољубни да до крај во слога, разум, мир, сите како еден, да пристапиме во почетокот на чинот се до финализациоја  на таа борба се до ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА!

  • МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Елизабета Матевска

Related posts

Leave a Comment