Свет

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ЕУ? Брисел го смени курсот за вакцинацијата против ковид

EU chief: It's time to 'think about' mandatory COVID vaccination | The  Times of Israel

Судејќи според изјавите на највисоките претставници на ЕУ, но и по практиката веќе започната од некои членки, земјите собрани околу администрацијата во Брисел се се поблиску до одлуката за задолжителна вакцинација против Ковид 19.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека е „соодветно и разумно“ да се разговара за ова сега.

Иако вакцинацијата е во ексклузивен домен на членките, првиот човек на европската извршна власт смета дека е неопходен заеднички пристап, додека се заканува новиот вид омикрон. Оваа изјава е значајна промена во односот на европските власти кон пандемијата.

Некои земји веќе очекуваа заеднички договор. Австрија прва ја воведе оваа мерка од средината на јануари. Се чини дека Германија ќе и се придружи. Наследникот на Ангела Меркел, Олаф Шолц изјави дека предлог-законот ќе биде претставен во Бундестагот до крајот на годината, а доколку биде усвоен, ќе стапи на сила во февруари или март.

Од појавувањето на вакцината против варичела, дел од јавноста бара право да се воведе задолжителна вакцинација, иако таа низ историјата е утврдена за одредени болести. Судот во Стразбур неодамна пресуди дека тоа не ги нарушува човековите права.

 

 

Во случајот со Ковид, сè беше забавено од лобито против вакцинација, па во европските метрополи се плашат да не се конфронтираат гласачите.  Изборите во Германија завршија, па Шолц, кој во предизборната кампања се спротивстави на задолжителното вакцинирање, сега молневито се предомисли. Макрон би можел да ја продолонгира оваа одлука до април, но вакцинацијата ќе биде обврска во дел од оваа земја, на прекуморската територија на Нова Каледонија, од 1 јануари.

„ФАЈЗЕР“ ЗА ДЕЦА

Фон дер Лајен објави дека „фајзер“ вакцината за деца ќе биде достапна во ЕУ од 13 декември. Тие претходно беа одобрени од Европската агенција за лекови за возраст од 5 до 11 години.

Related posts

Leave a Comment