Македонија

Заев пак цели на премиерската позиција

 

Зоран Заев потврди дека пак ќе биде кандидат за премиер на следните избори. Вели дека по формирањето на техничката влада на 3 јануари целосно ќе се посвети на партиските активности. Заев вели дека логични се гласините дека актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе биде технички премиер.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицковски е уверен дека по изборите на 12 април, Владата на Заев ќе замине во историјата. Мицковски зборуваше и за одговорноста на актуелниот премиер за, како што ги нарече, неоставрените ветувања.

Предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 12 април следната година. Техничката Влада треба да се формира 100 дена пред изборите, односно на 3 јануари. Премиерот треба да ја напушти функцијата, а на негово место треба да дојде друг кадар од неговата партија, а Министерството за внатрешни и Министерството за труд и социјална политика ќе и припаднат на опозицијата.

Related posts

Leave a Comment