Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека се разнишале надежите на европските држави дека ќе создадат обединета и просперитетна Европа без линиите за демаркација што се појавија по падот на Берлинскиот ѕид.
Марија Захарова рече дека мирот и безбедноста во Европа треба да бидат универзални и неделиви, пренесува Тас .
“Поради падот на Берлинскиот ѕид, луѓето очекуваа мирна, просперитетна и обединета Европа без линии за демаркација. За жал, тие очекувања пропаднаа. Овие надежи се распарчени како Берлинскиот ѕид”, рече Захарова на прес-конференција.
Таа истакна дека Русија во својата надворешна политика секогаш ги почитувала и ќе продолжи да ги почитува тие принципи и дека очекува од нејзините партнери „да се најдатна половина пат“.
Утре се одбележуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид, еден од симболите на Студената војна.