Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, смета дека никој нема такво искуство со самоуништување како Украина.
„Никој нема такво искуство, како што има Украина, се разбира. Тоа е факт. Со свои раце за 30 години, да се уништи перспективна земја, да се испратат луѓе со оружје во рацете во шумите, да се скараш со сите – такво нешто на малкумина им успеало. Несомнено. ваквото искуство на самоуништување е интересно за Алијансата “(НАТО), напиша Захарова на Фејсбук, пренесува Спутник.
На состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на 25 октомври, украинскиот министер за одбрана Андриј Загородњук изјави дека Украина има уникатно искуство на „петгодишна војна со Русија“ што може да го сподели со сојузниците. Тој ја нарече борбата против руската „агресија“ важен елемент во одржувањето на стабилноста во Европа.
1 comment
Хм, зарем Марија не слушнала за Македонија и екипата предводена од Црпе!?
Украина и Украинците може само да ни завидуваат на првото место во уништување на својот народ и држава!