Свет

Захарова : Обвинението против Тачи ја докажува неоснованоста на државноста на Косово

Фото: ЕПА-ЕФЕ / МАКСИМ ШИПЕНКОВ

„Обвинението против претседателот на самопрогласено Косово, Хашим Тачи, ја докажува неоснованоста на таканаречената косовска државност“, вели Марија Захарова.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на прес-конференцијата истакна дека лицата кои биле раководители на институции во Приштина долги години биле обвинети за најтешки кривични дела, пренесува РИА Новости.

„Токму овие криминални елементи директно ја организираа едностраната декларација за независност на Косово во 2008 година, чија незаконитост е целосно очигледна од аспект на меѓународното право“, истакна Захарова.

Таа додаде дека Русија е убедена дека сите лица кои учествувале во извршувањето на злосторствата мора да се соочат со правда и да бидат заслужено казнети, без оглед на позициите што ги заземаат.

На 24 јуни Специјалното обвинителство на Меѓународниот кривичен трибунал за Косово издаде обвинение против Хашим Тачи, Кадри Весељи и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства.

Related posts

Leave a Comment