Свет

Зачудувачки експертски заклучок: Ковид можеше да се спречи; „Сè има во подрумите на ООН“

Танјуг / Фотографија на АП / Ишант Чаухан, Досие

Лондон – Најновото истражување, откриено на независен панел, покажува дека пандемијата на коронавирусот можела да се спречи и да се спасат животи.

Како што беше наведено, милиони би преживеале само ако се реагирало на време, објави британски Гардијан.

Извештајот на панелот, со кој претседаваше Хелен Кларк, поранешна премиерка на Нов Зеланд и Елен Џонсон Сирлиф, поранешна претседателка на Либерија, најде „слаби врски насекаде во ланецот“. Исто така, се наведува дека подготовките биле недоследни и слабо финансиски поддржани, системот за предупредување бил премногу бавен и „премногу благ“, додека СЗО е „недоволно моќен“ и се заклучува дека одговорот на пандемијата само ги зајакнува нееднаквостите во светот.

Кларк го опиша февруари 2020 година како „месец на изгубени можности да се избегне пандемијата, бидејќи премногу земји чекаа да видат што ќе се случи“. Како што додаде таа, некои решија дури и да чекаат да им се наполнат последните болнички кревети за да направат нешто. Тогаш беше предоцна да се спречи пандемијата.

Нејзините зборови беа поддржани и од поранешната претседателка на Либерија, коај рече дека истражувачите заклучиле дека пандемијата можела да се спречи.

“Избувнувањето на новиот патоген САРС-КоВ-2 стана катастрофална пандемија што досега уби повеќе од 3,25 милиони луѓе и продолжува да ги загрозува животите и егзистенцијата низ целиот свет. Дел од причината е неуспехот да се научат грешките од минатото”, рече таа, додавајќи дека мора да се преземат „итни мерки“.

„Постојат многу прегледи од претходните здравствени кризи кои содржат разумни препораки. Да, тие лежат и собираат прашина во подрумот на Обединетите нации и на владините полици“. Извештајот покажува дека повеќето земји во светот едноставно не биле подготвени за пандемијата “, рече Елен Џонсон Сирлиф.

 

Related posts

Leave a Comment