Македонија

Зоран Божиновски : 8 камиони со ,,Еко отпад” од Италија утре вечер ќе бидат во Скопје спремни за истовар

Фотографија на Zoran Bozinovski.

Еве 8 камиони на грчката граница, премин Богородица. Возат наводен “Еко Отпад”. Ова е моменталната состојба, за половина час најдоцна 16:30 овој отпад ќе влезе на Богородица.

Секој месец доаѓа по најмалку еден огромен брод за Македонија од Италија, се растовара во пристаниште во Солун и со камиони шлепери патува за Скопје. најчесто Цементарница.

Според мојот извор, утрово во Солун се натоварени 16 камиони со носивост од по 24 тони, секој камион чини 30 евра Солун-Скопје.

Овој “Еко Отпад” во еден поголем дел содржи медицински отпад од Италија. Спореед мојот извор, возачите едвај ги возат камионите, оти многу смрдело тоа што го возат.

Доколку Јани Макрадули е заинтересиран ова да го контролира, може да ги почека камионите некаде на пат после Богородица, до Скопје.

Related posts

Leave a Comment