Македонија

Зоран Заев ја напушта премиерската функција?

 

Заев може да си даде оставка од функцијата премиер. Ова може да се случи денес или во наредните денови се вели во објава на весникот на албански јазик Флака.

Според Флака, добро информирани извори од СДСМ наводно велат дека Заев ќе се повлече и ќе биде наследен од досегашниот министер во МВР, Оливер Спасовски.

„Постои можност Зоран Заев да си даде оставка денес или во деновите што претстојат и да формира техничка влада со премиерот Оливер Спасовски, при што изборите ќе се одржат во ноември 2020 година по пописот“, велат нашите извори на СДСМ.

Овој чекор подразбира формирање на техничка влада по Пржински модел, која ќе ја подготви земјата за парламентарни избори, пишува Флака.

Овој потег на Заев доаѓа по објавувањето на видео снимките од италијанските медиуми за рекетот против бизнисменот Орце Камчев.

Related posts

1 comment

Patriot 14/08/2019 at 22:27

Daj boze! “Se se se ali Zajko ne! ne ! ne!” Mislam deka treba da se podgotvi sobata vo Idrizovo ili Demir Hisar.

Reply

Leave a Comment