БАЛАДА ЗА БЛИЗНАЦИТЕ
Ќе не притискаат и молат ,
а , допата ,
преколнуваат и колат ,
чедото нивно
да го љубиме ко свое.
Ќе лажат и плачат ,
а Бога ми ,
и , цвилат,
родената маjка во црно да jа свиjат.
Разделени во детство ,
од , некасмет брак ,
се сретиjа бурно
в собраниски мрак.
Збиени ко еден ,
,близнаците, бесни,
не тераат да пееме
од нивните песни.
А нивните песни ,
да ти биле лесни ,
,продаваj, и , лумпуваj,
по тунели тесни.
Вчера баш видов
од близнаците еден ,
,сликан, ко Скаjвокер
со своjата Леа.
И другиот го видов ,
не памтам каде ,
, едно те исто ,
во етерот – кладе.
Послепеење:
Зборот , каде , можете да го замените со друг ,рима, збор.
ЗОРАН КУРЉАН