Колумни

Зоран Јованоски: Добија ли Молдавија и Украина кандидатски статус за членство во ЕУ? Добија. Ние од кога имаме таков статус? Па од 2005-та година. И што фајде од тоа?

Можно е да е слика од еден или повеќемина

Добија ли Молдавија и Украина кандидатски статус за членство во ЕУ?
Добија.Ние од кога имаме таков статус? Па од 2005-та година.И што фајде од тоа? Па ништо.
Но одиме понатаму со текстов…
Турција од кога стана земја со кандидатски статус за членство во ЕУ ?
Од 1987-ма?
Но дали Турција доби датум за почеток на преговори?
Доби.
Од кога?
Од 2005-та.
И што фајде од тоа?
А Србија ?
Што правиме со Србија?
Србија доби датум за почеток на преговорите и ги започна преговорите, уште во 2010-та година, и стигнаа до НИГДЕ.
____________________________________________________
ДЕЛ ВТОРИ:
Но ајде сега и од еден поинаков агол…
Се сеќавате Макрон што изјави во 2019-та година околу проширувањето на ЕУ кога директно тој ни го стави француското вето?
Тој изјави, грешките што ги направивме со Романија и Бугарија, нема да дозволиме да ни се повторат со земјите од „западен балкан“.
И што понуди оваа владеачка гарнитура во начинот на организирање на државата?
НИШТО. (и ова има свој удел, но ајде да продолжиме да анализираме понатаму…)
На што ни личат патиштата, на што ни личат градовите од внатрешноста со рѓосани огради и фасади во распад по центрите на градовите?
На што ни личи животниот стандард?
На европски стандард? (и ова си влијае, но ајде да продолжиме да анализираме понатаму…)
Но дали има и друго?
Има.
Што?
Еве што…
Дали сте слушнале дека француската јавност НЕ Е за проширување на унијата?
Дали сте слушнале дека дури 60% од гласачкото тело во првиот изборен круг на последните претседателски избори во Франција беше АНТИГЛОБАЛИСТИЧКИ расположено гласачко тело, и дали сте слушнале дека само поради лошите персонални решенија но и поради други прилики на нивната политичка сцена тоа антиглобалистичко мнозинство неможе да се обедини околу еден кандидат?
Дали сте слушнале дека на неделниве парламентарни избори кои се случија пред четири дена во Франција, глобалистот Макрон помина уште полошо?
Дали знаете дека француската јавност воопшто не е ниту за вакво ЕУ, а камо ли за проширување? (со клошарски држави…)
Дали знаете дека освен Германија, која што има гео-политички интерес за западен балкан и поради бизнисите кои ги има овде, но и поради традицијата на Германија и Австро-Унгарија за влијание на Балканот, ниту една друга земја членка не е воопшто загреана за проширување?
Америка ги буцкаше. Америка ги тераше на проширување, но сега „акциите“ на американската дипломатија во Европа ДРАСТИЧНО ПАДНАА, од како се случи војната во Украина.
_____________________________________________________
ДЕЛ ТРЕТИ:
Дали вие мислите дека за глобалната гео-политика и гео-стратешкиот интерес на Франција, ЕУ, и Русија не е разговарано и ДОГОВОРЕНО на највисоко политичко ниво?
Дали вие мислите дека Путин и Макрон не разговарале за проширувањето на ЕУ врз православието, а особено врз словенските православни земји?
Дали вие сметате дека тие СЕКОГАШ НУЖНО, мора да бидат искрени пред јавноста?
Еве ви одговор. НЕ!
Туку некои деликатни одлуку не се соопштуваат ЈАВНО, а нивните државни хиерархии по вертикала надолу едноставно спроведуваат што е одлучено (и преку дипломатски канали), и многу многу не прашуват, дури и да не им е баш јасно што спроведуваат. Тоа си е работа на администрација. Да спроведува одлуки донесени на највисоко политичко ниво, и многу многу да не прашува. (А ако прашуваш многу, ќе ти го најдат чарето…)
Дали мислите дека има логика да директорот на градинката и воспитувачката на децата, сепак одлучат да им ја соопштат на децата вистината за ДЕДО МРАЗ, и како тој сепак не постои? (А пред тоа ги лажеле дека дедо мраз постои, или некој друг така ги лажел од претходно…).
Па не. Туку децата сами ќе си созреат и ќе си видат дека дедо мраз не постои.
Па така и јас созреав во оваа анализа, затоа што од 24-ти фебруар, и почетокот на војната во Украина, истата феноменолошки ме опседна и ја проучувам од секаков аспект во просек по 12 часа дневно, секој ден.
Широката јавност овде нема воопшто претстава ниту кои се причините за војната, и колку се тоа сложени причини за истата, од она што на еден неупатен граѓанин му се сервира овде од нашите марионетски власти, и медиумите. Исто така на јавноста не и е јасна новата гео-политичка улога на Русија и во Европа, но за тоа нема да говорам во овој текст, за да не биде предолг…
На пошироката јавност овде исто така не им е реално познат реалниот досегашен резултат од војната, ниту им е познат епилогот од војната каде е прашање само КОЛКУ катастрофален губитник ќе биде Украина. Ништо друго не е неизвесно.
Епилог:
Сè од погоренаведеново си има своја тежина што нашиот европски пат ЗАВРШИ ВО АМБИС.
Но со што се бавеше нашата јавност до сега?
Сте слушнале нешто од погоренаведеново?
НЕ!
Јавноста, политичарите, медиумите, аналитичарите, како единствен кочничар на проширувањето на ЕУ, ја сметаа само Бугарија. 😂
Може ли Бугарија да спречи еден ваков гео-стратешки интерес на политичкиот запад, ако тој за тоа има одлука на највисоко политичко ниво, и ако за тоа не се противел никој друг битен светски играч.
(А Русија не ја почитуваа додека и се доближуваа, и видовте што се случи?)
________________________________________________________
p.s
Не кажав сè што сакав да кажам во овој текст, но здравје ќе го надополнам деновиве со дополнителни коментари…
Зоран Јованоски

Related posts

Leave a Comment