Минатата недела во Санкт Петербург се оддржа 25-от Меѓународен Економски Форум на кој земаа учество претставници од над 140 земји од светот.
Тоа е отприлика 7/8 од човештвото, без „посебната“ западна цивилизација која претставува 1/8 и која живее во нејзината проекција за владеење со планетата по старите принципи на ширење на „демократијата“ со осиромашен ураниум и ефтината веќе прикаска, односно морковот за „просперитетниот“ и „напреден“ запад, кој нема алтернатива, односно „Еден е изборот“.
Во домашниот медиумски простор, се разбира „демократизиран“ со парите на Сорос и западните амбасади и фондови, овој форум помина незабележително.
Добар дел од нашиот народ и нашата земја (наративата на ДПМНЕ и СДС), за да остане наш народ и наша земја, а не Македонија и Македонци, не смее да знае за случувања од оваков карактер.
Зошто?
На историски самит на 20-годишнината на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Душанбе, Таџикистан, одржан во септември минатата година, почитуваните Претседатели на двете супер сили Русија и Кина, Владимир Владимирович Путин и Си Џипинг беше потпишан Меморандум за соработка на двете иницијативи Шангајската Организација за Соработка (SCO) и Евроазиската економска комисија.
Интегрирањето на двата проекти е во насока на унапредување и фузирање на иницијативи водени од двете големи супер сили Русија и Кина за воспоставување на Големото Евроазиско Партнерство, кое ќе изнедри нов Светски Меѓународен Поредок, во кој едната милијарда од западот нема да биде посебна, туку како и сите други жители на оваа планета, ќе биде еден од чинителите.
Токму на 25-от Меѓународен Економски Форум во Санкт Петербург од минатата недела, Претседателот на Руската Федерација во својот историски говор го најави тој нов Меѓународен Светски Поредок и крајот на западната цивилизација како единствен меѓународен систем и западните елити како богови.
„Западот да не гаи илузии на „златната милијарда“ кои живеат во индустријализираните западни земји (само 12% од светското население) и „неодговорните макроекономски политики на земјите од Г7“.“
На форумот беше најавена и новата Г8 група која ќе биде составена од Русија, Кина, Индија, Бразил, Иран, Индонезија, Мексико и Турција.
Кинескиот претседател Си Џипинг преку видео обраќање говореше за вистинската мултиполарност, каде пазарите во развој треба да имаат глас во глобалната економија.
Евроазиските интеграции предводени од Русија ќе продолжат да се интегрираат со јужноазиските кои ги предводи Кина.
Во суштина, 7/8 од човештвото создава нов меѓународен поредок во кој земјите кои не се дел од западната меѓународна заедница, ќе имаат подостоинствено место и право на глас.
Преведено на македонски, со наративата на СДС и ДПМНЕ, НЕ Е ЕДЕН ИЗБОРОТ!
Македонија и Македонците ќе имаат избор и не мора да бидат „Нашата земја“ и „Нашиот народ“.
Не мора да не нема, кај што сме биле и каде што сме останале со милениуми, а кои повеќето од западот сакаат да не нема, затоа што сакаат да бидеме нешто што не сме. (Малку во стилот на „лидерот“ на „опозицијата“)
Затоа е молкот на медиумите и „големите“ новинарски пера, аналитичари, но и претставници на политички партии, четериесетина на број лево и десно, околу случувањата на истокот!
Паѓа умоболната евроатланска матрица, „Еден е изборот“, со кој се осиромашува нашиот македонски народ економски, морално, културно, духовно!
Доколку Македонецот дознае дека се создава нов меѓународен поредок од народите кои пострадаа од западниот колонијализам, а меѓу жртвите е и тој самиот.
Ако дознае дека секоја нација ќе има подостоинствено место, без уцените од западот, се поставува прашањето дали Македонецот ќе влезе во преговори за промена на име, знаме, јазик, идентитет?
Тоа е целта и на ова колумна, да обзнаниме дека светот има алтернатива, односно ја создава таа алтернатива, после 200 години дивеење на англо-саконските елити.
Затоа мили мои Македонци и Македонки, реорганизирајте се во новите организации, напуштете го умобилниот систем „Еден е изборот“, „Вашата земја“, „Вашиот народ“ и да изградиме позиција и присутност на места каде можеме да бидеме Македонци, Македонија и каде ќе бидеме почитувани како такви.
Нашата Родина Македонија го оди токму тој пат, Република Македонија, Македонци, Македонско во новиот мултиполарен свет, каде срамните уцени и закани од вечно алчните западни елити ќе бидат едно темно минато, научена лекција, која не смее никогаш повеќе да се повтори.
Пишува: Зоран Јованчев, Претседавач на претседателството на политичката партија Родина Македонија