Политика

Игор Цветковски : Ла Верита Виа Бачев и Аналитико до Вицето

Во најновиот извештај на Ла Верита кој се однесува на разговори на Заеви во врска со изборите од 2014 година, ќе прочитаме:
“Лице од Глобал Медиа го известува Вице дека Саше Политико чека(помош) на него заради придонесот кој го дал…”
Е па љепотанов беше носител на листа од една партија која денес се нуди како алтернатива на курто-мурто а тогаш поима немаше дека постојат 4 страни во светот, па така првите луѓе-раководството на таа партија тогаш
–или биле тотални политички аналфабети и поима немале кого тоа ставаат на најдобитно место,
–или биле први, ревносни соработници на криминалниот ем комуњарски клан Заеви.
А таквите први луѓенца,кои очигледано носеле лоши одлуки–немале капацитет да увидат или намерно поставувале вакви накази за нивни претставници,денес, таквите истрошени политичари, одработувачи за туѓи интереси, не може да бидат полезни донесувачи на промените во општеството ниту пак создавачи на достоинствена македонска држава.
Тие секако дека може да манипулираат преземајќи добри идеи, да привлекуваат искрени патриоти,да им ја трошат енергијата и евентуално алтернативната насока која не ја разбираат да ја понудат како нивна и направат непожелна или неостварлива токму поради нивната неспособност или соработништвото со естаблишментот.
Ова некои од нас го знаеја и предупредуваа, но еве да се потсетиме пак сега и со делчево на Ла Верита, за да нема лапање бумбари.

Related posts

1 comment

DLM 29/01/2020 at 09:10

На самиот почеток имаше нешто што кај овој Игор Цветковски оставаше впечаток на уфрлен играч.
Со овој негов краток текст тој дефинитивно го потврди тоа “нешто“. Замислете тој на место да промовира и повикува на создавање широк Македонски Фронт против квислинзиве(СДСс) и колаборационистите (ДПсНЕ) тој отпочна валкана пресметка со Единствена Македонија и Бачев, и тоа со метод на ментална гимнастика сака да не увери дека ете и тие да ти биле тесно поврзани со Црпе и неговиот картел!!???

Бачев ќе остане запишан во историјата како единствен лидер на политичка партија кој упорно со денови и месеци па и години протестираше против овие изроди и окупационата политика (имаше и други поединци и здруженија но не и политички субјект), па така Игор може само да завива на месечината.
На Бачев може многу нешто да му се замери, околу водењето на неговата партија и кадровските решенија ама да му се залепи етикета дека бил со Црпе е само доказ дека овој Игор за некого одработува.
Особено што оваа го прави во пресрет на создвање на широк Македонски Фронт – пред избори.
Ако ова не ви се допаѓа вие слободно не објавувајте ама за жал таа е голата сурова вистина.

Бачев и неговата Единствена Македонија излезе со програма и предлог решение за велепредавствата од страна на квислинзиве (СДСс) и колаборационистите (ДПсНЕ), по се изгледа на Игор таквите решенија не му се допаѓаат, па и на мене јас би презел многу порадикални решенија велепрадавници не заслужуваат втора шанса, но факт е дека е тоа единствен субјект кој може да послужи како столб околу кој би се обединиле сите патриотски сили кои се свесни за Македонизмот и неговата сила. Можеби токму заради тоа Игор и пишува против ЕМ и Бачев, времето е пред нас ќе покаже (не паѓа снег да прикрие брег но да открие траги на непријател)… .

Reply

Leave a Comment