Свет

Илјадници луѓе во Австралија протестираат против новите ковид мерки

Izbili žestoki prosvjedi protiv novog lockdowna u Australiji

Во австралиските градови се одржаа демонстрации против строгите ограничувања воведени за борба против зголемувањето на инфекциите со Ковид.

Илјадници се собраа во Сиднеј, а помали протести се одржаа во Мелбурн и Бризбејн.

Луѓето извикуваа „Слобода“ додека маршираа низ центарот на Сиднеј. Полицијата соопшти дека извршила 57 апсења.

Австралиските влади повторно наметнаа блокади низ целата земја, поради наводниот наплив на нов бранови на заразени, пренесува Би-Би-Си.

Во саботата илјадници луѓе маршираа кон центарот на Сиднеј низ предградието Хајмаркет.

Здравствената служба на Нов Јужен Велс го прогласи тоа подрачје за жаришна точка на инфекцијата со Ковид.

Некои држеа плакати на кои пишуваше „Фрли ја маската, крени го својот глас“ и „Разбуди се Австралија“.

Демонстрантите блокираа патишта и се собраа пред Градското собрание на Сиднеј.

Стапките на вакцинација остануваат најниски меѓу развиените земји, со помалку од 14 проценти од луѓето кои се вакцинирани.

 

Related posts

Leave a Comment