Руските воздухопловни сили го пресретнаа американскиот воен авион во источниот Медитеран во три одделни прилики на 4-ти јуни, објави претставник на шестата флота на САД.
“На 4 јуни 2019 година, авионот П-8A Посејдон летал во меѓународниот воздушен простор над Средоземното Море, во рок од 175 минути бил пресретнат од руски СУ-35 три пати. Првата и третата интеракција се сметаа за безопасни. Втората интеракција беше прогласена за небезбедна поради тоа што СУ-35 со голема брзина помина директно пред нашите авиони со што нашите пилоти и членови на екипажот беа изложени на ризик. Екипажот на П-8A пријави појава на турбуленции по втората интеракција. Времетраењето на интервенцијата било околу 28 минути ” , тврди шестата флота.
“Додека рускиот авион маневрираше во меѓународниот воздушен простор, интеракцијата со нашите летала беше провокативна и крајно неодговорна. Очекуваме тие да се однесуваат во согласност со меѓународните стандарди поставени за да обезбедат сигурност и да спречат инциденти, во согласност со договорот за спречување на инциденти од 1972 година за летови над море (ИНЦСEA). Несигурните активности го зголемуваат ризикот од грешка и потенцијалот за судири во воздух. ”
Шестата флота додаде дека “американскиот авион функционирал во согласност со меѓународното право и не ја предизвикал оваа руска неодговорна активност”.
Леталата П-8A Посејдон кој рутински ги прават своите летови над источниот Медитеран ретко се пресретнувани од странски воени авиони во овој регион.