Иран, Русија и Кина планираат да одржат заеднички поморски вежби оваа есен, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран Мохамад Багери на прес-конференција на парадата на вооружените сили на Иран.
„Во текот на оваа есен во северните води на Индискиот Океан ќе се одржат вежби со учество на воено-поморските флоти на Иран, Русија и Кина“, рече Багери, пренесува агенцијата Мехр.
Тој додаде дека на вежбите ќе учествуваат Пакистан, Оман и голем број други земји.
Во август, Русија, Кина и Иран одржаа серија големи вежби во Латинска Америка во кои учествуваа десет други земји.