Свет

Исламистите ја нападнаа руската воздушна база во Сирија

 

 

Неколку гласни експлозии беа слушнати околу приморскиот град Јаблех рано изутринава, додека милитантите во североисточната Латакија се обидоа да ја нападнаат руската воздухопловна база Хмеимим.

Според еден воен извор во близина на воздухопловната база Хмеимим, милитантите употребиле  беспилотни летала за да ја бомбардираат воената база.

Изворот вели дека руската воздушна одбрана веднаш се активирала кога милитантните беспилотни летала го достигнале североисточниот периметар над воздухопловната база Хмеимим.

Сепак, некои од милитантните проектили експлодирале во околните области.

Нападот од утринските часови од страна на милитантните сили е прв напад овој месец  на руската воздушна база Хмеимим во југозападна Латакија.

Related posts

Leave a Comment